1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиите од албанскиот блок за очекувањата во 2008

Интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО се очекувањата на партиите на Албанците од власта и опозицијата во Македонија за 2008 година.

default

Тетово

Партиите на Албанците од власта и опозицијата во Македонија за првпат во своите очекувања за 2008 година на преден план ги дефинираа интегрирањето на Македонија во НАТО и Европската унија наместо етничките барања на албанската заедница во Македонија. Борбата против организираниот кириминал, официјализирањето на албанскиот јазик и законот за поранешните припадници на ОНА – остануваат цели за достигнување кон кои ќе се стремат партиите од албанскиот блок.