1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиите на Албанците во Македонија предлагаат свои претседателски кандидати

По промоцијата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов и СДСМ, Љубомир Фрчкоски, и партиите на Албанците во Македонија ги одредија своите кандидати за претседател на државата.

default

Избори во Македонија

За функцијата Претседател на Република Македонија, досега од страна на партиите на Албанците во Македонија се предложени четворица кандидати. Тие најдоцна до 3. февруари ќе треба да ја поткрепат својата кандидатура со неопходните 10.000 потписи, за и формално да добијат право да излезат на претседателските избори на 22. март годинава.

Демократската унија за интеграција ќе собира потписи за кандидатура на Агрон Буџаку. Пред оддржувањето на седницата на Централното претседателство на ДУИ, портпаролот на партијата, Ермира Мехмети, кажа дека нејзината партија одлучила да истакне свој претседателски кандидат, со цел да ја покаже сопствената демокаратска политичка автономија како партија.

ДПА вчера (27.01.09) исто така донесе одлука да ја предложи д-р Мируше Хоџа, професор на Штуловиот универзитет во Тетово, како свој кандидат.

Изминативе денови, лидерот на партијата Нова Демократија, Имер Селмани, веќе ги собра потребните потписи за својата кандидатура за највисоката политичка функција во Македонија.

Невзад Халили, пак, ја доби поддршката од Партијата за демократски просперитет. Тој воедно беше и првиот претседател на оваа партија.