1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиите за изборите трошат повеќе од приходите

Државната комисија за спречување корупција денеска во Скопје ги презентираше резултатите по однос извештаите за потрошени финасиски средства на половина од изборната кампања во Македонија.

default

Сите 18 организатори на изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни доставиле финансиски извештаи за наменската сметка до Државната комисија за спречување на корупција. Според првичната анализа соопштена денеска на прес-конференција, Комисијата констатира дека организаторите на изборната кампања на ДУИ, ДПА, ЛДП, како и коалицијата предводена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, имаат потрошено многу повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите. Од СДСМ, Комисијата ќе побара дополнителни иформации за кредитот за изборната кампања земен од Комерцијална банка, кој во извештајот е впишан како донација, со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка АД Скопје, ја донира изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ.

Stichwahlen in Mazedonien

Комисија за спречување на корупција во писмена форма ќе се обрати до организаторите на изборната кампања, поединечно, за да им ги презентира сите наоди и забелешки, со укажување, сите констатирани недостатоци од формална природа да бидат отстранети заклучно со финансискиот извештај што треба да го достават со завршувањето на изборната кампања.

Во претстојниот период Комисијата ќе продолжи со дополнителна обработка на пристигнатите финансиски извештаи, особено во делот на расходите по основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, за што и се неопходни податоците од Советот за радиодифузија.

Автор: АТ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска