1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиите во Македонија се обврзаа на фер и демократски избори

Изборите не треба да бидат директна причина да се блокираат македонските евроаталантски аспирации, изјави во Скопје директорот на американскиот Национален демократски институт при потпишувањето на кодексот за фер избори

default

Потпис за фер избори

Политичките партии во Македонија денеска јавно се обврзаа дека може и мора да има слободни и фер парламентарни избори во земјата на први јуни. Претставници на 30 партии учеснички на превремените избори потпишаа кодекс за однесување на изборите. Иницијативата за него потекна од американскиот Национален демократски институт и граѓанската асоцијација Мост. Дали ова ќе биде пресвртница со оглед на досегашните префрлувања за прекршување на изборните правила.

Пред две години Македонија положи огромен тест со слободни и демократски избори, тоа е обврска и за оваа владеачка елита, му порачуваат евродипломатите на премиерот Никола Груевски. За странците, изборите во Македонија сеуште се проблематични, но не од аспект на организацијата, туку од однесувањето на партиите, изјави директорот на американскиот Национален демократски институт, Крис Хеншо.