1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Партал долари„

Шестпартитните преговори за завршувањето на севернокорејската атомска програма денеска повторно продолжуваат во Пекинг. Во моментов, не само поради тајната атомска програма, односите меѓу САД и Северна Кореја се под мраз. Трн во окото на Вашингтон се и дубиозните извори на приоходи на Пјонгјанг.

„Саканиот лидер„ живее луксузно со помош на фалсификувани долари

„Саканиот лидер„ живее луксузно со помош на фалсификувани долари

Северна Кореја е бедно сиромашна, меѓутоа до заби вооружена, народните маси дисциплинирани, патосот на револуцијата и култот на таканаречениот „сакан лидер„ бизарни. Па, сепак, иако гласот и е руинирана, владеењето продолжува без проблем. Тоа се покажува и во главните извори на приходи: фалсификувани пари и ракети што Северна Кореја ги гради повеќе од 30 години. Досега Северна Кореја продаде повеќе од 500 ракети, а подеднакво толу стационира во земјата. Овие ракети можат да бидат наполнети со конвенционални, но и со атомски, биолошки или хемиски глави. И тоа воопшто не е случајно, зашто земјата важи за еден од најголемите производители на биолошки и хемиски борбени средства. Овие ракети можат да стигнат до омразената Јапонија. Соединетите Американски Држави се уште не се наоѓаат на дофат, иако ралетите можат да стигнат до Хаваите или Аљаска. Купувачи на севернокорејската технологија покрај Јемен и Египет, се и Иран, Либија, Пакистан и Сирија. Пјонгјанг со оваа трговија заработува повеќе од 500 милиони долари, што е половината од нејзините извозни приходи. Инаку, режимот ја подобрува ситуацијата на своите каси пред се со таканаречени „парталави ливчиња„: владата на Вашингтон во секој случај, тврди дека на Пјангјанг му успеа да произведе скоро совршени, но сепак фалсификувани бакноти од 100 долари. Таканаречениот „супер долар„ во меѓувреме се појави скоро во целиот свет. Досега се запленети фалсификувани пари во вредност од 45 милиони долари. Со овие „ливчиња„ не се финансира само луксузниот стил на живот на бизарниот лидер Ким Јонг Ил и неговите блиски. Се тврди дека со овие пари се одвива и политиката на непопустливост. Зашто, овие супер бакноти се појавуваат пред се во оние региони во кои американската надворешна политика има проблеми: на Блискиот и Средниот исток, како и во некои африкански држави. Американската влада веќе зборува за „економска војна„, зашто, нели, како што е познато, светот се владее со пари.