1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламент без опозиција е на штета на Македонија

Реакција на Валтер Колбо, вице-шеф на фракцијата на социјадемократите во Бундестагот, на изборот на новата влада без присуството на опозицијата, како и на експозето на премиерот Груевски.

default

Валтер Колбо

„Кој останува надвор, мора еднаш да влезe внатре‘, вели една поговорка. Парламентарната работа не е возможна надвор од салата, туку внатре и тоа заедно со граѓаните кои ги претставуваат“, ги коментира Валтер Колбо настаните во македонскиот парламент при изборот на новата влада, што го бојкотира опозицијата. Колбо подвлече дека според европските стандари парламентарната работа значи и присуство, дискутирање, расправии, борба на мислења, размена на тешки зборови, понекогаш и закани за излегување од парламентот, но секако не за долго.

Владата и опозицијата мора заеднички да работат за интересите на земјата

„Затоа, за прифаќање на Македонија во Европа и во ЕУ е значајна континуирана парламентарна работа меѓу опозицијата и владата, во која тие меѓусебно може и да се расправаат, но заеднички треба да работат за интересите на земјата. Еден Парламент без опозиција - наместо полн, во кој ќе има дискусии и расправии - е на штета на приемот на Македонија во ЕУ“, смета Валтер Колбо. Тој даде и коментар за изјавата на премиерот Груевски, според која доколку не се реши спорот со Грција околу името, Македнија може и без НАТО!

НАТО не е услов за ЕУ членство

„Добро ја разбирам позицијата на премиерот и на Македонците во однос на прашањето со името, односно примената на уставното име. Македонија секако може без НАТО, и НАТО може без Македонија. Во Европа има повеќе земји кои се членки на ЕУ и не се дел од НАТО, и обратно. НАТО не е услов кој по секоја цена треба да се исполни за ЕУ членство. Но, треба да се работи и од Грција да се бара конструктивност за компромис, со кој би се отворил патот на Македонија во ЕУ и НАТО“– изјави за Дојче Веле пратеникот во Бундестагот Валтер Колбо.