1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Парламентот ја прифати оставката на Јусуфи и Положани

*

Македонскиот парламент денеска ја прифати оставката на претседателот на Уставниот суд Махмуд Јусуфи и неговиот колега Бајрам Положани. Барањата ги поднесоа откако Судот ја усвои одлуката за поништување на дел од одредбите од законот за употреба на знамињата, што предизвика протести кај албанскиот политички блок. Собранието денеска треба да расправа и по барањето за интерпелација на заменик министерот за вантрешни работи Рефат Елмази. Интерпелацијата ја поднесе Либерално демократската партија, која смета дека Елмази се однесувал скандалозно за време на немилите настани од 25 септември во парламентот, кога дојде до физички пресметки меѓу неколкумина пратеници.