1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламентот треба да работи во порелаксирана атмосфера

Претседателот на македонското собрание, Велјановски им ветил на евроамбасадорите дека веќе нема за толку кус период да се носат толку многу закони. Парламентот сега не заседава. Причините за тоа секој ги толкува по свое

default

Парламентот е во невообичаена пауза. Во јули, без опозиција, експресно беа донесени над стотина закони, од кои дел беа важни за ЕУ-агендата на Македонија. Тоа предизвика бојкот на парламентот од страна на СДСМ и ДПА, како и судир меѓу претседателот на државата и премиерот.

Сега, претседателот на парламентот, Трајко Велјановски тактизира со закажување на собраниските седници. Официјално се вели дека нема предложени закони од владата, а поверојатно е дека има проблеми во владеачката коалиција. Четворица врвни функционери на ДУИ се соочени со можни судски постапки - двајца од нив поради Хашките случаи, а двајца поради учество во изборни инциденти. Но, досега се тактизира со евентуално одземање на нивниот пратенички имунитет и нивно предавање на судот.

Јанкуловска демантира дека се тактизира

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на обвинувањата во јавноста дека се тактизира и дека МВР можеби не постапува според судските налози, , одговара: „Ние постапуваме по најновата наредба на судот, со која се бара осомничените да се јават на главниот претрес, закажан за 17. октомври годинава.“

Во меѓувреме, во парламентот е стигнат само судскиот налог да се симне имунитетот на пратеникот Талал Џафери од ДУИ, кој бил вмешан во изборните инциденти.

Собранието е под силен притисок на ЕУ

Амбасадорскиот тим во Скопје денеска му забележа на спикерот, Трајко Велјановски, дека треба да создаде порелаксирана работна

Parlamentsgebäude in Mazedonien

атмосфера во парламентот, со дијалог меѓу власта и опозицијата. Евроамбасадорот, Ерван Фуере, по средбата на амбасадорите на ЕУ во Македонија со Велјановски, изјави: „Охрабрени сме од иницијативите што ги презема претседателот на парламентот за создавање порелаксирана работна атмосфера. Веруваме дека целосната имплементација на ваквите иницијативи, ќе придонесе тоа да се оствари, а истовремено и да дојде до реализација на законските проекти.“

Велјановски, од своја страна призна дека носењето голем број закони во парламентот по итна постапка била грешка и дека нема да се повтори носење таков тип закони со такво темпо. Претседателот на парламентот го чека и исходот од дијалогот на партиските лидери околу изборните закони и уставните измени, иницирани од страна на владата, со кои се предлага измена на постапката за избор на претседател на државата. Средбата на партиските лидери е закажана за четврток, 25.09.2008 година.

DW.COM