1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламентот расправа по интерпелацијата за Ставрески

Македонскиот парламент расправа по интерпелацијата за работата на министерот за финансии Зоран Ставрески, поднесена од опозицијата.

Марјанчо Николов од СДСМ, образложувајќи ја потребата од поднесувањето на интерпелацијата, рече дека причини поради кои Ставрески треба да замине од министерската функција се: немањето кредибилитет, постојаното задолжување на државата, акцијата „Детонатор“, сиромаштијата, невработеноста, финансирањето на проектот „Скопје 2014“, недостигот на капитални инфраструктурни и енергетски проекти, состојбата во Фондот за ПИОМ и за здравство и другите претпријатија во сопственост на државата, фискалната децентрализација и рамномерниот регионален развој и неуспешниот проект „Купи куќа, купи стан“.

„Ова се причините зошто треба да си замине од фукцијата министер за финансии. Тоа е во интерес и на стопанството и на граѓаните и на државата“, истакна Николов, додавајќи: „За сите овие шест години колку што ги правите буџетите сте потрошиле 14 милијарди евра пари на граѓаните“, а притоа „е прашање каде се потрошени и на што се потрошени“ тие пари. Николов потенцира дека во последните три години долгот на централната влада е зголемен за 700 милиони евра и оти со политиката што се води - земање кредити и трошење за тековни трошоци само се уништува македонската економија и се задолжуваат идните генерации.

Министерот Ставрески, пак, во одбрана рече дека со економската политика што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, македонската економија во изминатите години остварила добри резултати, најдобри од осамостојувањето до денес.

„Во изминатиот период остварени се историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1отсто во 2007 година и 5 отсто во 2008 година. По почнувањето на големата светска економска криза повторно во две од три години остваривме

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien

Зоран Ставрески соочен со критиките на опозицијата

позитивен раст на БДП - 2,9 отсто во 2010 и 3 отсто во 2011 година. Во целина, во периодот 2007-2011, во кој во четири од петте години имаше и се‘ уште има голема светска економска криза, остварен е просечен раст на БДП од 3,2 проценти. За споредба, во периодот 1993-1998 и 2003-2006 година во кои економската политика ја креираше СДСМ, просечниот раст на БДП е 1,2 отсто“, рече Ставрески.

За инвестициите посочи дека во изминатите пет години е остварен најголем раст. Просечниот реален раст на бруто инвестициите, според министерот, во 2003-2006 година изнесувал 2,8 отсто, додека во 2007-2011 година 8,9 проценти. Странските директни инвестиции од 2007 до 2011 година достигнале 1,513 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повеќе во однос на кумулативиот прилив на светските директни инвестиции во 10-те години период на владите на СДСМ, рече Ставрески.

Расправата по поднесената интерпелација, според собранискиот Деловник, треба да заврши најдоцна до полноќ до кога треба да се гласа.