1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламентот расправа за владината реконструкција

Македонското собрание денеска расправа за изборот на нови членови во владата на премиерот Никола Груевски. На дневен ред на седницата се именување на министри, нивни заменици како и разрешување на членови на владата.

default

Парламентот во Скопје

Македонското собрание денеска напладне ќе ја почна дебатата за првата владина реконструкција во последните три години, откако на чело на македонската влада е премиерот Никола Груевски. Претседателот на македонската влада, денеска (10.07.09) ќе предложи нови тројца министри од помладата генерација, кои доаѓаат на местата на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, министерот за образование Перо Стојановски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски.

Премиерот верува дека со смената на Трајко Славевск поуспешно ќе се справува со фискалната политика, пишува Груевски во барањето за разрешување на својот министер за финансии. Тоа е признание дека буџетскиот дефицит е загрижувачки, одговара опозицијата. Судирот, меѓу чуварот на државната каса и премиерот настанал откако владата не прифатила нов ребаланс на буџетот и намалување на непродуктивните трошоци.

„Наместо да се понуди план и реализација на тој план за соочување со економската криза, на јавноста и‘ се нудат конфузни кадровски промени, коишто ништо нема да сменат,“ оцени претседателот на опозициската ЛДП, Јован Манасиевски. Експертите пак, како што пренесуваат македонските медиуми, оценуваат дека кога се менува министерот за финансии, тогаш е даден сигнал дека владата признава, оти во концептот со справувањето со економската криза, нешто шкрипи.

Рокадите во економскиот сектор не го зафаќаат министерот за економија Фатмир Бесими од коалициската ДУИ. Смените во владините редови добиваат и етничка димензија, ДУИ не ги дава своите министри без партискиот врв да ја оцени нивната работа. Првата реконструкција на владата се смета како тест за нејзина самодоверба, зошто никој не се соменава дека премиерот Груевски ќе успее во намерата да го дисциплинира и мотивира новиот состав во справувањето со рецесијата, рашањето на името и очекувањето на октомврискиот извештај на ЕУ. „Нема меден месец за новите министри“ сугерира и евроамбасадорот Ерван Фуере. Тие треба веднаш да почнат да пливаат за да ги реалзиираат бараните реформи и на Комисијата на ЕУ да и‘ понудат аргументи за позитивен извештај, смета европскито дипломат.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска