1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламентот го аминуваше пописното фијаско

По три дена жолчна расправа, која на моменти го преминуваше добриот вкус, македонскиот парламент доцна синоќа со гласови на мнозинството, го донесе законот за престанок на важноста на Законот за попис.

default

По завршувањето на расправата, а пред самото гласање, опозицијата ја напушти собраниската сала, со што парламентот остана без кворум за работа и гласање, по што мораше да се чекаат неколку часа мнозинството да го обезбеди потребниот работен кворум.

Претседателот на парламентот Трајко Вељановски и забележа на опозицијата на потегот, но откако неговата забелешка очигледно не даде резултат, на двапати мораше да дава пауза за обезбедување на потребниот кворум.

Законот беше изгласан дури околу 23 часот, а за него беа обезбедени и гласовите на мнозинството пратеници од заедниците кои не се мнозинство во Македонија. Владата го поднесе законот затоа што Државната пописна комисија на 11 октомври си поднесе колективна оставка заради различните толкувања на методологијата на попишување.

Разликите меѓу членовите на ДПК од македонска и албанска етничка природа, министерот за правда Блерим Беџети ги објасни како недоследности и недоречености во примената на одредби од законот за попис, заради недоволниот временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот.

„Криминалци“ и „предавници“

Во тридневната расправа претставниците на владата и опозицијата спореа само околу неколку тези.

Опозицијата, која беше во фронтален напад со сите 40 пратеници, ја обвини владата дека на Македонија и го нанесе најголемиот срам со пропаднатиот попис и обидот за фалсификат, на кој повикуваа учесници во него. Опозицијата, не бирајќи зборови, ги обвини припадниците на владејачкото мнозинство дека се криминалци, се закануваа дека некој кога тогаш ќе одговара за фалсификатот на

Mazedonien Zensus Statistisches Amt

пописот, обвинуваа зошто ако не биле подготвени за оваа статистичка операција, не ја прекинаа на самиот почеток, туку дозволија да се направат трошоци и да се изрезилат....

Пратениците на парламентарното мнозинство, од своја страна, сметаат дека прекинувањето на пописот е во интерес на државата и националните односи, затоа што било подобро да нема краен резултат од пописот отколку да се добијат неточни и нерелевантни податоци, кои подоцна ќе предизвикаат уште поголеми штети за државата во моментот кога ќе се прават проекциите и политиките за следните 10-20 години. Најповторуваната теза на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беше дека и СДСМ при пописот во 2002 година бил во слична ситуација, но дека тие тогаш потклекнале и направиле  фалсификат, допишувајќи 120.000 Албанци. Разликата меѓу двете партии била во тоа што тие сега не сакале да направат неточен попис.

Новиот попис неизвесен

Пратениците од ДПА уште на првиот ден од расправата најавија дека нема да учествуваат во работата на парламентот за оваа точка, затоа што тие уште при донесувањето на законот укажувале дека ќе има проблеми, ама никој не сакал да ги слушне нивните забелешки.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат на 11 октомрви со оставките на целата ДПК. Оваа статистичка операција првично требаше да се оддржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложена поради изборите.

Кога ќе се создадат услови за нов попис во Македонија во моментов никој не знае. Вицепремиерот за Рамковен договор Муса Џафери викендов изјави дека не треба да се брза со новиот попис, затоа што прво треба да се направи добра анализа на овој неуспешен попис.

Автор: Сашко Димески

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM