1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Парламентот во Прага ја казни владата на Руснок

Чешкиот парламент не изгласа доверба за кабинетот на премиерот Јиржи Руснок, назначен од претседателот Милош Земан. Конзервативните партии бараат нови избори во земјата.

Преодната чешка Влада, по само еден месец откако беше назначена од претседателот Милош Земан, не ја доби довербата на Парламентот во Прага. Кабинетот на технократот Руснок беше поддржан од 93 пратеници, а против владата гласаа сто пратеници. Седум пратеници не учествуваа на седницата, а воздржан не беше никој. Ова го соопшти претседателката на Парламентот Мирослава Немцова. На економскиот експерт Руснок му беше потребна доверба од апсолутно мнозинство од 101 глас.

Jiri Rusnok neuer Premierminister von Tschechien

Јиржи Руснок

За Јиржи Руснок се изјаснија социјалдемократите и комунистите, додека конзервативните партии ја одбија преодната влада.

Чешкиот премиер Јиржи Руснок најави оставка, согласно Уставот, откако неговата Влада, не успеа да ја добие довербата во Парламентот.

Согласно Уставот претседателот има право да даде втор предлог за мандатар, кој ќе состави влада. Уставот предвидува и трет обид, во кој премиерот го предлага претседателот на Парламентот.

Преодната влада во Чешка беше назначена по оставката на поранешниот премиер Петр Нечас поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и корупциска афера од страна на негови блиски соработници и сопартијци.

Претседателот Милош Земан, кој наспроти барањата на поранешната владејачка централно-десничарска коалиција Граѓанската демократска партија (ОДС) и партијата ТОП 09 да им ја додели премиерската функција именуваше техничка Влада, беше критикуван дека ја „турка“ својата левичарска опција. Десничарските партии сега бараат нови избори.