1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парламентот во Македонија работи без опозицијата

СДСМ не се враќа во парламентот, раководството на партијата синоќа ја потврди одлуката. Албанската опозиција исто така останува надвор од собраниските клупи. Аналитичарите предупредуваат на општата политичка состојба.

default

Собраниската сала во Скопје

Македонското собрание веќе една недела заседава без опозиција. СДСМ нема намера да се врати во парламентот. Приведувањето на партискиот потпреседател Зоран Заев ја иницираше, а донесувањето на деловникот во итна постапка ја потвдри одлуката за напуштање на парламентот објасни лидерката Радмила Шеќеринска.

Остри критики на сметка на практикувањето на парламентарната демократија од страна на владејачката ВМРО ДПМНЕ упати Теута Арифи потпреседателка на ДУИ, инаку коалиционен партнер во владата.

Во својата колумна во весникот „Дневник“ Арифи критикува. „Груевски сака злоупотребувајќи го до крај своето мнозинство да му го покаже местото на албанскиот политички субјект, а тоа место е на опашката од неговата влада. Како и секогаш греши во овие проценки оти се води од малициозност, а не од политичка и државничка прагма. Тој ја потроши ДПА до крајност при своето владеење. Тој може да го потроши и ДУИ во овие констелации, во кои се однесува крајно неодговорно кон демократските вредности и етничката стабилност. Но, колку и да се обидува, ниту тој, ниту кој било друг не може да ги потроши Албанците како значаен политички фактор во земјата. Како што тргнал победникот, Груевски може да ја потроши и Македонија, ама Албанците ќе останат тука со своите евроатлантски идеали.“ - напиша Теута Арифи.

Тоа не е став на ДУИ изјави координаторот на пратеничката група на оваа партија Тахир Хани.

Албанските партии од опозицијата ДПА и ПДП почнаа постапка за спојување. Челниците сметаат дека така полсено ќе му се спротивстават на новото парламентарно мнозинство и ќе ги застапуваат интересите на Албанците во Македонија.