1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Парламентарни и претседателски избори во Босна и Херцеговина

И по 11 години по крајот на војната политичкиот живот во БиХ носи печат на националистички и екстремистички тонови. Длабоката етничка поделба е како и порано главниот проблем на балканската земја и ги спречува сите досегашни обиди за посериозно приближување на Босна кон ЕУ.

Претседателската зграда

Претседателската зграда

Околу 2,7 милиони граѓани со право на глас во БиХ денеска се конфронтирани со сигурно најдолгите избирачки листи во Европа.

На нив стојат речиси 40 партии со повеќе од 7 илјади кандидати,споредбено со големината на земјата,неверојатна бројка.

А ова не е единствениот босански специјалитет:земјата има најкомлициран изборен систем во Европа.Сите граѓани заедно го избираат општодржавниот Парламент.Околу 1,7 милиони избираат дополнително парламент на т.н. босанско хрватска федерација,дел каде живеат мнозинството муслимани и Хрватите.А остатокот од гласачите избира парламент во делот каде мнозинство се босанските Срби,Република Српска.Овие гласачи одлучуваат и за претседател и негов заменик.Освен ова,муслиманските Босанци,Србите и Хрватите одделно и според сосема непрегледен етнички клуч гласаат за членовите на тричленоот државно претседателство.И на крај,треба да бидат избрани и пратеници во десетте кантони во босанско хрватската федерација.

Националистичките политичари уште повеќе ги искомликуваа работите,давајќи дијаметрално спротивни предлози за иднината на земјата.Така поранешниот министер за надворешни работи и шеф на Партијата за БиХ ,Харис Силајџиќ предлага силна единствена држава и итно расформирање на Република Српска.Со тоа сака да добие дополнителни гласови кај босанскоот население.Неговиот ривал од српска страна е сегашниот премиер на Република Српска Милорад Додик.Иако тој е шеф на официјално социјалдемократски декларирана партија,во изборната трка држеше екстремнонационалистички курс.Додик бараше отцепување на Република Српска од БиХ:

„Први октомври истовремено е и референдум за Република Српска.“

Со вакви и слични изјави Милорад Додик,поранешен миленик на меѓународната заедница,би можел да добие многу босанско српски гласови.Но,со тоа тој оди уште подесно од екстремната националистичка Српска демократска партија.

Бројни претставници на меѓународната заедница во БиХ се обидуваат да посредуваат,но засега без успех.Така првиот човек на ЕК во БиХ Мајкл Хамфрис во последните денови пред изборите ги повторуваше ставовите на ЕУ, поддржувани и од американската влада:

„Дискусиите околу некој референдум се само губење време,тие ја дестабилизираат земјата.“

Овој став го застапува и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ,германскиот Христијански демократ Кристијан Шварц Шилинг.По изборите него го очекува тешка задача,повторно да ги собере на една маса длабоко поделените политички претставници на сите етнички групи.

Набљудувачите гледаат мали шанси сегашните протагонисти конструктивно да соработуваат за доброто на населението.На БиХ итно и се потребни темелни реформи на политичкиот систем.Огромната администрација потребна поради етничката поделба на земјата во моментов голта околу две третини од државниот буџет.Политичките елити добро живеат со тоа и многу е веројатно и по први октпмври да ги блокираат нужните промени во земјата.