1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Парламентарни избори во Украина

*

Во Украина денеска започнаа со внимание очекуваните парламентарни избори.Тие треба да понудат излез од борбата за власт меѓу проруски и прозападно ориентираните сили.На изборите учествуваат вкупно 20 партии и групи кои се натпреваруваат за 450 места во Парламентот.Реформски ориентираниот претседател на државата Виктор Јушченко ги закажа прдвреме изборите,откако повеќе пратеници од неговата партија преминаа во таборот на прорускиот премиер Виктор Јанукович.Според последните анкети,Партијата на регионите на премиерот Јанукович има предност да стане најсилна политичка сила во земјата.