1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Парламентарни избори во Тајланд

Партијата на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, протеран во 2006 година, има најголеми изгледи да ја состави новата тајландска влада.

default

Дали Јинглук Шинаватра ќе го замени нејзиниот брат?

Под засилени безбедносни контроли, денеска во Тајланд се одржаа парламентарни избори. Според анкетите, опозициската партија Пеу Таи има убедлива предност и може да освои дури апсолутно мнозинство. На чело на партијата е поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој во 2006 година беше симнат од власт и оттогаш живее во егзил во Дубаи, од каде раководи со партијата. Неговата сестра Јинглук е кандидат за премиер, а партијата ја има поддршката од Движењето на црвените кошули. Владејачките демократи, пак, најверојатно ќе се пласираат на второто место според бројот на гласови, но се надеваат дека ќе успеат да постигнат коалициски договор со помалите партии, со цел да му оневозможат на Шинаватра повторно да се врати на власт.

Автор: ТТ/СН/дв

Редактор: Симе Недевски