1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Парламентарни избори во Австрија

Австријците денеска избираат нов состав на Парламентот. За разлика од Германија, во оваа земја големата коалиција е прокламирана цел уште пред гласањето. Најсилни партии се Социјалистичката и Народната.

Во Австрија започна гласањето за нов Парламент. Борба за гласовите на 6,4 милиони Австријци водат вкупно девет партии. Според анкетите, можност за надминување на прагот од четири проценти за влез во 183-члениот парламент имаат само седум од нив.

Гласачките места отворија во седум часот по локално време. Гласањето ќе продолжи до 17 часот, а првичните резултати ќе бидат познати нешто подоцна. Фаворит во поголем дел од предизборната кампања беше Социјалдемократската партија, која победи и на претходните избори во 2008 година. Нејзиниот лидер, австрискиот канцелар Вернер Фајман, повторно има големи шанси да ја предводи и следната влада.

Сепак, според анкетите, Социјалистичката партија и нејзиниот коалиционен партнер, Народната партија на Австрија со врвниот кандидат и актуелен вицепремиер Михаел Шпинделегер, треба да сметаат на позначајни загуби на гласови на денешните избори. Кон од двете страни посакуваната голема коалиција може да биде тешко да се стигне.

Оваа владина форма инаку е најчеста во Австрија. Критичарите тврдат дека тоа носи недостатоци, затоа што без партиска книшка од едната или другата партија тешко може да се направи политичка кариера во Алпската република. Опозиционите левичарски партии за своја цел го поставија токму разбивањето на ова стсус кво и на закоравените структури.

Десните популисти и евроскептичари од Слободарската партија на Австрија и овојпат се потпираат на непријателството кон странците. Поранешните пораки меѓутоа сега се малку посуптилни. Врвниот кандидат Хајнц-Кристиан Штрахе се насмевнува на плакатите покрај слоганот „Сакај го ближниот, а за мене тоа се нашите Австријци“.

Со нетрпение се очекува каков успех ќе постигне и популарниот 81-годишен политички новајлија, милијардерот Франк Штронах. Основачот на концернот за лиферување автомобилски делови, Магна, не шири омраза против странците, но има евроскептичен став. Тој ветува целосно нов даночен систем.

Поврзана содржина