1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Парламентарните избори во Германија на 22 септември

Одлуката е донесена - германскиот претседател Јоахим Гаук официјално го утврди датумот за изборите за германскиот парламент, Бундестагот. На тоа претходеа повеќенеделни дискусии.

Парламентарните избори во Германија, на кои канцеларката Ангела Меркел ќе го бара третиот мандат, ќе бидат одржани на 22 септември, официјално вчера попладнето (08.02) потврди претседателот на земјата Јоаким Гаук.

Покраините и партиите со недели претходно дебатираа околу датумот. Пред се‘ Христијанско социјалната унија (ЦСУ) притискаше за подоцнежен датум, за да постигне поголема временска дистанца од покраинските избори во Баварија. Но, против 29 септември беа некои покраини во кои тогаш веќе почнува есенскиот распуст за учениците. Според законот, гласањето треба да се одржи меѓу 28. август и 27. октомври.

Покраинските избори во Хесен се очекуваат истиот ден, на 22 осептември, додека изборите во покраината Баварија ќе се одржат една недела порано - на 15 септември.

На изборите конзервативната Христијанскодемократска унија (ЦДУ) на Маркел и нејзиниот коалициски партнер, Слободна демократска партија (ФДП), ќе се обидат да останат на власт. Нивни предизвикувачи на изборите се Социјалдемократска партија (СПД), чиј кандидат за канцелар е поранешниот министер за финансии, Пер Штајнбрик, и посакуваниот коалициски партнер- Партијата на зелените.