1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Парламентарна расправа по инцидентот во Танушевци

Дебата во парламентот по нападот врз граничната патрола, во кој загина еден полицаец, а двајца се повредени. Според министерката за внатрешни патролата била нападната од шверцерско криминална група.

default

Парламентот во Скопје

Во македонскиот Парламент повторно жестока дебата со речиси познати реплики. Повод нападот на граничната полициска патрола во која загина едно лице, а двајца се повредени. За власта нема загрозување на безбедноста во земјата.Според првите сознанија пограничната патрола била нападната од шверцерско - криминална група. Опозицијата побара оставки од ресорниот министер и расчистување на инцидентот.