1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Парламентарна дебата за собранискиот деловник за работа

Во макеоднскотот собрание почна дебата за новиот собраниски деловник.

default

Во собранието дебата за деловникот

Пратениците денеска ќе дебатираат за деловникот што треба да ја официјализира употребата на албанскиот јазик и на собраниските комисии. Власта верува дека донесуввањето на новиот деловник ќе го забрза усвојувањето на законите. Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ вели. „Проширување на употребата на јазикот на ниво на раководење со комисиите само од тој аспект да постигнеме конечно деблокирање на работата на комисиите.“

Предлогот на власта неприфатлив за опозицијата

За опозицијата е неприфатливо со комисиите во парламентот да се претседава на албански јазик. СДСМ и ЛДП ќе гласаат против донесувањето на деловникот во форма што ја договориле власта и ДУИ. Роза Топузовска и Славица Грковска дебатираа. „Ние нема да поддржиме деловник само да бидеме дел од она општо е договорено меѓу ВМРО и ДУИ.“ - „ Ова е договор меѓу Груевски и Али Ахмети. Вие сте вовлечени во тој договор и вие треба да си го спроведете.“

Парламентарците од албанските политички партии се докажуваа која партија повеќе направила за реализација на Охридскиот рамковен договор. Рафис Алити од ДУИ на владеачката ДПА и порача. „Ова што вие го правите не е од интерес ниту на Македониците ниту на Албаницте. Проблемите ги покривате под тепих, а не ги решавате. Тоа ќе донсе нови праоблеми.“

Му возврари Ружди Матоши од ДПА. „Четири години бевте на власт и ништо не направивте за Охридскиот рамковен договор, а уште помалку за албанскиот јазик. Но како група сте се занимавале со мафијашки работи, со убиства, со кражби со лоповлуци.“

Македонскиот парламент три години се обидува да донесе нов деловник за работа

Претходниот парламентарен состав се мачеше две години да обезбеди консензус и не успеа, сега тешко му оди и на новото собраниско мнозинство да донесе нов деловник за работа.

Иако не е на приоритетната листа во евроатлантската агенда на Македонија, делвникот се смета за база за продуктивна работа на парламентот.

Фуере бара конструктивност

За денеска освен расправата во парламентот предвидена е лидерска средба на која ќе се расправа за законот за јавно обвинителство, а утре политичките лидерите ќе се обидат да ги надминат разликите за составот на судскиот совет.

Европретставникот во Македонија Ерван Фуере ги повика да бидат конструктивни и да ги удвојат напорите за спроведување на преостанатите реформи. „Важно е сега владата да ја искористи предноста што ја поседува и што е можно повеќе преку консензус да стимулира договор меѓу сите политички партии за реформите што преостануваат. Како што знаете сеуште чекаме да видиме каков договор ќе се постигне за судскиот совет што доцни веќе шест месеци. Затоа апелираме до сите политички лидери како што сторија мината среда и на средбата оваа недела да демонстрираат дух на консензус за да се постигне договор“.