1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Парламентарецот Бек уапсен во Москва, па ослободен

Политичарот на германските Зелени и пратеник во Бундестагот Фолкер Бек привремено беше притворен во Москва и ослободен по околу еден час. Тој, заедно со други парламентарци од земји на ЕУ сакал во собранието на градот да бара права за хомосексуалци и лезбејки. Демонстрацијата на хомосексуалци во Москва не била одобрена од полицијата, која уапси повеќемина учесници во неа. Тие биле нападнати и со јајца и домати од група насобрани граѓани.