1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пари од кипарските банки само „капка по капка“

За првпат по речиси две недели на Кипар повторно работат банките. Се очекуваше навала во банките, кои во текот на ноќта беа снабдени со свежи пари. Властите повикаа на смиреност.

Денеска напладне банките во Никозија и на други места во Кипар ги отворија вратите за клиентите. Засега изостана очекуваната навала на шалтерите. Пред отворањето на банките власите преземаа мерки за да спречат преголеми трансакции на пари.

Портпаролите на властите и институциите исто така преку средствата за јавно информирање претходно повикаа да се зачува мирот. „Немојте да навалите во банките. Она што неможе денеска да се заврши, може утре“, изјави портпаролот на централата кипарска банка.

Само 300 евра на ден

Zypern Nikosia

Речиси две недели граѓаните на Кипар пари подигаа само од автомати

По човек и банкарска сметка на Кипар смеат да бидат подигнати максимум 300 евра на ден. Долгорочните налози за исплата на платите и онлајн- бенкинк системот повторно се дозволени. Исплати во странство, на пример со кредитни карти, по човек и банка не смеат да надминат 5.000 евра месечно, се вели во декретот на кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис. Ограничувњата на платежниот сообраќај треба да спречат истекување на капиталот по отоворањето на банките.

Од 16. март луѓето во грчкиот дел на Кипар можеа да добијат пари само преку банкарските автомати. Причина беше одлуката за спасувачкиот пакет, со која требаше да се спречи колапс на банкарскиот систем и државните финансии.

Нема готовина за чекови

Префрлувања пари во странство и натаму се воглавно забранети. Оној кој ќе го напушти Кипар, може со себе да понесе максимално 1000 евра. Освен ова чековите неможе да се заменуваат со готовина, туку само да бидат уплатени на сметка. Декретоо важи за четири денови.

Министерот Сарис појасни дека мерката е потребна оти тесните грла при ликвидноста на банките можат да доведат до колапс и конечно да го загрозат целиот финанансиски ситем.

Банките со полициска заштита

Zypern Zentralbank Banken Bankenöffnung 28.03.2013

Транспорт на пари за кипарските банки

Банките во текот на ноќта беа подготвувани за повоторно отворање. Повеќе вооружени полицајци ги обезбедуваа камионите со средствата за централната банка. Транспортот беше обезбедуван и со хеликоптери. Силите за безбедност беа во зголемена готовност, исто така и да спречат евентуални криминални напади, изјави портпаролот на полицијата Андреас Ангелидис.

Кипарската влада постигна согласност со останатите 16 земји членки на еврото и ММФ за спасувачки пакет за државните финансии. За да ги добие кредитите за помош во висина од десет милијарди евра, владата во Никозија се обврза на еднократно оданочување до 40 проценти на банкарските депозити над 100.000 евра како и реформа на предимензионираниот банкарски сектор. На овој начин Кипар со сопствен капитал во висина од 5,8 милијарди ќе придонесе за својот спас.