1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пари или надвор!

Најпрво Американците беа исфрлени од Узбекистан,а сега во прашање е нивната база Манас во Киргизија.Претседателот Бакијев бара зголемување на киријата за користење на базите за 700 проценти.САД мора наскоро да донесат одлука,зашто рокот за неколку дена истекува.

Киргизиското знаме

Киргизиското знаме

Кога американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд пред околу една година го посети Бишкек,новиот претседател недвосмислено за прват укажа дека американската воена база во Манас не е нешто што се разбира за вечно.Бакијев постави ултиматум:до 1 јуни 2006 година Вашингтон терба да реши дали наместо досегашните 2,7 милиони долари во иднина годишно ќе плаќа 200 милиони долари:

-По 11 септември 2001 година ние веднаш на САД им го ставивме на располагање аеродромот Манас.Со тоа сакавме да дадеме наш придонес во борбата против тероризмот во светот.Но,оттогаш поминаа пет години,војната во Авганистан заврши,ги молиме САД да платат вообичаена меѓународна цена за нивното присуство на киргизиска почва.

Вака Бакијев објасни пред странските новинари во Бишкек пред една недела.Оттогаш траат преговорите меѓу двете страни,но претседателот не покажува голема готовност за компромис:

-Ние не се пазариме со Американците,не сме на пазар.

Во основа,најголемиот дел политичари во сиромашната земја, која граничи со Кина,го поддржува ставот на Бакијев.

За Американците напуштањето на базата би било особено болно,со оглед дека минатата година мораа да заминат и од аеродромот во узбекистанскиот Чанабад.По американската критика за масакрот во Андиџан,узбекистанскиот претседател Каримов,кој е познат по бруталното владеење,по куса постапка ги исфрли долгогодишните сојузници од земјата.Оттогаш тој својата надворешна политика повторно ја насочува кон Русија.

На Кремљ пак американското присуство во централноазискиот простор одамна му е трн во окото.Многумина се сомневаат дека сегашниот киргизиски ултиматум за зголемување на киријата е руско масло.Претседателот Бакиејв го отфрла ова сомневање:

-Ниту Русија ниту кој било друг не врши притисок врз Киргизија.Ние како суверена и независна држава се грижиме за добри и усогласени односи на сите страни.Но,во средиштето стојат интересите на нашата држава и на киргизискиот народ.