1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пари за талибанските борци да се откажат од борби

Неколку дена пред почетокот на Лондонската конференција за Авганистан, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле најави програма за помош на борците-талибанци кои сакаат да се откажат од борбите.

default

Германскиот вице-канцелар Гидо Вестервеле за весникот „Билд ам Зонтаг“ ја образложи програмата за помош на радикалните талибанци кои ќе се откажат од терористички и бунтовнички активности. „Меѓу талибанските терористи постојат многу членови кои на погрешниот пат не стигнале од фанатично убедување, туку од економски причини“, смета Вестервеле и додава: „ На овие луѓе сакаме да им понудиме стопанска и социјална перспектива за нив и нивните семејства. За таа цел ќе употребиме дополнителни средства.“

Vereinigte Emirate Deutschland Guido Westerwelle in Abu Dhabi

Гидо Вестервеле најавува посебен план

Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле, кој ќе ја застапува Германија на Лондонската конференција за Авганистан, дополнува дека на неа ќе биде понуден нов поттик за повторно вклучување на бунтовниците во општеството.

Промена на стратегијата на Бундесверот

Германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг, пак, најави промена на стратегијата на Бундесверот во Авганистан. За утрешното издание на „Франкфуртер алгемајнецајтунг“ тој изјави дека војниците ќе треба да покажат поголемо широко присуство, не во офанзивни борби, туку за да ја доведат во склад обуката на авганистанската армија и полиција и заштитата на авганистанското население. Гутенберг подвлече дека не се работи за преземање на американскиот концепт под име „Партнерство“. Според весникот, кој се повикува на изјавата на Гутенберг, меѓународните трупи патролираат, се борат и живеат надвор од обезбедените воени бази, рамо до рамо со авганистанските сили за безбедност, што крие значителни опасности.

Guttenberg zu Besuch bei den Truppen Afghanistan

Карл-Теодор цу Гутенберг при посета на Бундесверот во Авганистан

Заштитата на народот би била главната цел на германскиот ангажман, објаснува Гутенберг, а тоа според него е можно ако се прави таму каде постои директен контакт со населението. Во некои делови на Авганистан моделот се покажа како успешен и не значи автоматски поголем ризик за војниците. Гутенберг сака уште пред почетокот на конферeнцијата за Авганистан во Лондон да наведе конкретна бројка за зголемување на германските трупи во земјата. Но, таа сепак е во зависност од резултатите на конференцијата.

Карзаи има план за „мир по секоја цена“

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, пак, пред конференцијата изјави дека на неа ќе излезе со посебен план. Не се работи за поголем број странски војници или помош во обновата:

„Ние како авганистански народ знаеме дека ни‘ треба мир, по секоја цена.“

Hamid Karsai / Afghanistan

Хамид Карзаи пружа рака на помирување

Карзаи планира повторна интеграција во земјата на талибанците кои не извршиле терористички напади и немале врски со Ал Каеда. За разлика од поранешните најави за национално помирување, според Карзаи, сега зад намерата се наоѓа и план за акција поткрепен со пари.

Во меѓувреме, парламентарните избори во Авганистан се одложени за четири месеци. Првично беше предвиден термин на 22 мај, а сега се вели дека изборите ќе се одржат на 18 септември. Изборната комисија одлуката ја образложи главно со недостаток финансиски средства.

Автор: ЖА/ЕМФ/апн/дпа/афп/дв