1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парите од иселениците се од огромна важност

Македонските емигранти испраќаат пари, но не инвестират во својата матична држава. Зошто е тоа така?

default

Административните бариери и проблемите во комуникацијата со властите се главната причина поради која наместо во бизнис парите кои иселениците ги заработуваат, завршуваат главно како дознаки до нивните фамилии.

Скопјанецот Гоце Јосифовски, кој по 11 годишна печалба во САД се вратил во Македонија со намера да инвестира во туризмот, е еден од повеќето кои доживеале непријатно искуство. Планот заработеното да го инвестира во хотел во Малешевијата пропаднал откако безуспешно се обидувал да стапи во контакт со властите. Се пожали дека откако четири пати пропаднал тендерот за купување на објектот, добил одговор дека хотелот бил продаден на „Цацко од Конопиште“!

Symbolbild Bürokratie p178

Бирократските лавиринти се една од опасностите при инвестирањето

Според официјалните податоци на НБМ, во Македонија само во минатата година се регистрирани 1 милијарда евра кои иселениците преку легални дознаки ги испратиле до своите најблиски.

Оваа бројка, која е речиси десетпати повисока од странските инвестиции кои се регистрирани во истата година, според експертите треба да биде мотив плус за владата да се фокусира повеќе на контакти и привлекување на инвестиции од самите иселеници, а не да троши пари на скапи и

Mazedonischer Stand auf der Buchmesse in Frankfurt 2009

Откријте ја Македонија, вели еден рекламен слоган - ќе ја откријат ли инвестициите македонската економија?

неефикасни рекламни кампањи за инвестирање во земјата.

Професорот Ванчо Узунов вели дека доколку државата парите за кампањи ги вложела за оваа намена, ефектот ќе бил огромен.

Од Агенцијата за иселеништво не се согласни со критиките. Велат дека имало повеќе инвестиции на иселеници, но за колкава бројка во пари станува збор немаат точен податок. Директорот Васил Наумов вели дека станувало збор за многу сложен процес во кој требало да се вклучат науката и другите надлежни институции

Инаку, според официјалните податоци македонската дијаспора брои 460 илјади луѓе. Колку се значајни за државата парите кои тие секојдневно им ги испраќаат на сметка на своите семејства, доволно покажува податокот дека станува збор за сума која за половина го намалува трговскиот дефицит.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска