1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Парите одлучуваат за вкусот

„Вкусовите - добро, лошо и навистина скапо”, така се вика изложбата во Баден Баден што ја конципира Јохан Холтен. Изложбата се обидува да одговори на прашањето: на кои предмети местото им е навистина во музејот?

default

За вкусовите може да се расправа - од изложбата во Баден Баден

„Проблемот е можеби во тоа што секогаш постои таа желба, токму како и пред 100 години, да се дојде во музеј и човекот да може да се осигура дека тоа што кустосот тука го поставил е тоа што го изразува добриот вкус.“ Меѓутоа, денес човек повеќе не може да биде сигурен во ничиј вкус, и добро е што е така, вели новиот директор на државниот музеј во Баден Баден.

Музеите го школувале народот

Ausstellung Geschmack Kunstalle Baden-Baden

Парите владеат со светот на уметноста - една од пораките на изложбата во Баден Баден

Јохан Холтен е по потекло од Данска и долго се занимавал со танцување. Неколку години бил во познатиот танцов ансамбл на Џон Нојмајер и потоа раководел со здружението на уметниците во Хајделберг.

„Порано музеите служеле за тоа да го школуваат вкусот на народот,“ вели тој.

Тие времиња поминаа. За тоа пред сe´ се „одговорни“ уметниците кои по Втората светска војна почнале да се сомневаат во традицијата.

Поради тоа Холтен за својата прва изложба не сакал само еден уметник кој можеби лично го интересира и кој го смета за важен:

„Со почетокот на 21. век секако се´ стана покомплицирано. Во последните 40 години уметниците свесно работеле на тоа да ја зaплеткаат работата со тоа што е добро, а што не е добро. И тогаш како директор на еден музеј на почетокот на 21. век се прашувам: врз основа на кои категории би требало да ја конципирам изложбата?”

На крајот Холтен одлучил за своето „шоу на вкусовите” да собере 13 уметници. Џон Бек, кој куклите ги облекол во ужасни надреалистички алишта - укажува на светот на модата во кој, за да се привлече вниманието на публиката, секогаш мора да се појавува нешто сосема ново.

Други уметници се занимаваат со теми како што се парите, сексот, луксузот - тоа се фотографии на богати и убави. Мартин Пар на пример се претставува со серија фотографии „Луксуз“. Фотографирал луѓе на саемите на луксузот во Мајами и Москва и на познатите хиподроми.

Вкус за скапи работи

Ausstellung Geschmack Kunstalle Baden-Baden Flash-Galerie

Не постои добар или лош вкус, туку вкус за скапи работи

„Поради тоа сакав на самиот почеток да го поставам прашањето на вкусот, со цел да покажам дека овде не станува збор само за мојот вкус, дека не постои добар или лош вкус. Би кажал дека денес постои нешто што би го нарекле вкус за скапи работи. Тука се измешани комерцијалните интереси, кои одлучуваат за тоа како нешто се презентира, дали има општествен статус, дали некој објект ќе биде купен или не,“вели Холтен.

Парите владеат со светот - и пред се´ со светот на уметноста. И поради тоа парите се одлучувачки и за вкусот. Тоа е една од пораките на ова изложба во Баден Баден. Уште Сузан Зонтаг во шеесетите рече дека стилот, вкусот и естетските прашања не можат да се дефинираат врз основа на квалитетот на некој објект. Одлучувачки се перспективата на набљудувачот и неговите сосема лични критериуми.

Автор: Јохен Киртен / Светлана Брик

Редактор: Борис Георгиевски