1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Парите не можат да се јадат“

По примерот на американското протестно движење „Окупирај го Вол стрит“ денеска (15.10.11) во целиот свет се планирани манифестации и протестни акции против моќта на финансиските пазари.

default

На почетокот на демонстрациите за поправеден финансиски систем, кои се одржуваат во целиот свет, во Нов Зеланд и во Австралија се собраа илјадници луѓе. Во Сиднеј демонстрантите носат транспаренти со натписи како „Парите не можат да се јадат“.

Weltweite Proteste von Kapitalismuskritikern 15.10.2011

Во главниот јапонски град Токио и на Филипините во главниот град Манила демонстрантите протестираа пред американската амбасада. Во Јужна Кореја активистите ќе протестираат во финансискиот кварт на Сеул.

Во Франкфурт на Мајна полицијата очекува демонстранции пред седиштето на Европската централна банка, под мотото „Окупирај го Франкфурт“. Во Берлин демонстрантите ќе се движат кон седиштето на германската влада. Демонстрации се очекуваат и во другите поголеми германски градови, Келн, Минхен, Хамбург, Хановер, Лајпциг и Штутгарт.

New York Wallstreet Proteste

Глобалното протестно движење треба да опфати градови на петте континенти: Лондон, Амстердам, Виена, Скопје, Хаваи или бразилскиот Рио де Жанеиро.

Протестното движење, меѓу другото ги обвинува и финансиските пазари дека со нивното однесување на милиони луѓе им носат сиромаштија.

Движењето „Окупирај го Вол стрит“ почна пред еден месец како мало протестно движење во Њујорк. Оттогаш шурум светот мобилизираше илјадници луѓе.

Автор: АТ/ дпад/ дв

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM