1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Парите како средство за притисок

На Европската унија и претстои нов спор во домот. По неуспешниот европски устав за нови несогласувања сега се погрижија парите за проширената Унија. Шест земји- членки, меѓу нив и три големи: Германија, Франција и Велика Британија, како и Австрија, Холандија и Шведска имаат намера да ги замрзнат досегашните давачки за Брисел, иако со проширувањето ќе се зголеми товарот. Всушност, шест држави-плаќачи потпишаа и упатија писмо до претседателот на Европската комисија Романо Проди во кое јасно соопштуваат дека по проширувањето нема да уплаќаат повеќе пари отколку досега.

Тоа значи дека по проширувањето на Унијата во бокалот, како што го нарече германскиот канцелар Герхард Шредер, нема да влегуваат повеќе пари отколку досега - 25 земји-членки ќе мораат да ги делат парите што досега беа предвидени за 15. Тоа не е насочено против блокирачите на уставот во Брисел, Шпанија и Полска, туку предупредување пред големите желби и националните егоизми, изјави Шредер:

"Не станува збор за тоа да не растат издатоците за Европа, туку оние што станаа побогати преку солидарноста на другите, на оние што не се тоа сега нешто да им дадат, а не да одат според принципот: голтка повеќе од бокалот. Бокалот не е полн", изјави Шредер.

Неговата оценка ја поддржува и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер:

"Како што е познато, ние сме под строга контрола на Европската унија. Спроведувањето на критериумите од Мастрихт за сите е во тек. Според тоа, не станува збор за некаква акција на казна, туку допрва ги започнуваме финансиските преговори. За земјите финансиери е јасно дека треба одново да се делат средствата со кои се располага во полза на оние што доаѓаат. Тоа значи оние што досега уживаа солидарност да се подготвени да делат".

Претседателот на Европската комисија Романо Проди веднаш одби замрзнување на сегашното ниво на буџетот и за периодот 2007 до 2014 година.

Германскииот амбасадор во Унијата Вилхелм Шенфелдер синоќа изјави дека никој во Брисел не му верува оти писмото нема никаква врска со дебаклот на уставот од минатиот викенд. Инаку, во Брисел предлагаат буџетот во тој период да расте со 1 насто од брутонационалниот доход на просторот на Европската унија. Сегашниот буџет на Унијата изнесува 85 милијарди евра. Со такви пари не се можни чуда, промрморе Проди.