1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Парите даваат голови?

Германските професионални фудбалски клубови се во добра финансиска состојба. Но се поголема е опасноста да испаднат во играта со милиони кои се вртат во Лигата на шампиони, покажува студијата на „Ернст и Јанг“.

default

На германскиот професионален фудбал му оди добро како никогаш до сега. 97% од менаџерите економската ситуација во клубовите ја оценуваат како „добра“ или „генерално добра“. Само пред четири години бројот на оптимисти беше помал за половина. Три четвртини од клубовите сметаат дека им е подобрена економската иднина. Ова произлегува од студијата за состојбата на професионалните фудбалски клубови којашто ја изготви консталтинг компанијата „Ернст и Јанг“. Но, и покрај добрата финаниска ситуација, германските клубови не бележат големи успеси на меѓународен план. Од 2001 кога Баерн Минхен ја освои титулата во Лигата на шампиони, линијата на успех на германските клубови е постојано во пад. Многу подобро котираат клубови од Франција, Шпанија, Италија и пред се Англија. Експертите велат дека добрите достигнувања се подобро се репродуцираат, што во превод значи постојано победуваат истите.

Успех по секоја цена

Успесите се купуваат и со ризични економски методи, вели Арнд Ховеман, кој ја работеше студијата „Топки,голови и финансии“.

„Сега е актуелен случајот на шпанскиот клуб Валенсија кој има долг од 300 милиони долари. Според медиумите, целата Шпанска лига има долгови од три милијарди долари. Лигите коишто сериозно функционираат и работат сметаат дека вакво нешто не е фер. Тоа веќе не може да се означи како ферплеј.“ Има и доверливи извештаи, според кои некои клубови им доцнат со платите на играчите, или им исплатиле само дел од платата, што е причина да бидат исклучени од учество во Лигата на шампиони.

Скратени дел од изворите на заработувачка

На германските врвни клубови кои се во трка по профит не им оди во прилог одлуката на Сојузниот завод за борба против картели, снимките од натпреварите пред десет часот навечер да се емитуваат и на јавните сервиси. Клубовите ќе заработат помалку од посакуваното и поради забраната за рекламирање на обложувалници и алкохолни пијалоци. Навивачите би требало да се свесни дека и нив скапо треба ги чини успехот на клубот што го бодрат. На пример, цените на влезниците на стадионите во Англија се двојно поголеми од Германија, каде чинат 20 евра. Двојно поголема е и претплатата за спортската телевизија.