1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Парите даваат голови

Шеснаесет европски репрезентации учествуваа на ЕП во фудбал со цел да станат европски првак. Меѓутоа, за победникот требаше прво да го прашаат Германскиот економски институт, оти тој веќе го знае неговото име.

„Фудбалот е затоа толку убав, оти однапред не се знае каков ќе биде исходот“. Ова го изјави легендарниот фудбалер Сеп Хербергер, или барем нешто слично на ова. Но, и покрај тоа, се’ повеќе луѓе сакаат однапред да го знаат победникот и затоа се потпираат на претскажувања. Претскажувачот најчесто е некое животно, главно тоа воопшто не знае што всушност е фудбал.

Но, има и претскажувачи на две нозе и со глава за мислење. Тројца научници од Германскиот институт за економија, на пример, исто така претскажаа како ќе заврши актуелниот турнир: Новиот европски првак е ..., не, се’уште не откриваме.

Тие точно го предвидоа победникот на претходните два големи турнири, или поточно кажано однапред го пресметаа. Барем така тврдат. Тоа секако не беше тешко, оти победникот на претходните два големи фудбалски турнири беше Шпанија. Тие го предвидуваа и исходот на германскиот тим од квалификациите за ЕП, и според сопствени наводи, со 84 (!) - процентна точност.

Кој има доволно пари, има и среќа на натпревари

Германските економски научници не се единствените кои не се трпеливи да го дочекаат свирежот на судијата, кој го означува крајот на натпреварот. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ неодамна цитираше спортски економист од САД, кој за своите предвидувања ги користи следниве параметри на еден тим учесник на турнирот: економска моќ, број на население и искуство на екипата. Звучи комплицирано. Но, САД досега немаат некаков успех во фудбалот, така што не мора подетално да се разгледува ова истражување.

На почетокот споменатите фудбалски експерти од Германскиот економски институти ја поедноставија работата: тие ја одмеруваа вредноста на една фудбалска репрезентација врз основа на износот на пазарната вредност на нејзините играчи. Звучи едноставно - и треба да функционира. А Германците навистина се разбираат од фудбал. Значи, еве ги деталите:

Експертите на институтот пресметаа дека Германците ја имаат втората најскапа репрезентација меѓу сите учесници на турнирот, а Грција, само како пример, на турнирот испрати навистина евтина екипа. Кој сега мисли на европскиот пакет за спас и грчките финансиски служби, тој нема поим од фудбал! Во секој случај, научниците се сигурни: новиот вице европски првак се вика .... Не, почекајте уште за момент.

Fußball und Kommerz Symbolbild Flash-Galerie

Европски првак ќе биде ...

Паровите во четвртфиналето научниците речиси точно ги предвидоа: погрешија кај Грците. Наместо нив, Русите требаше да и‘ се спротивстават на Германија. Исто така и за економистите важи: грешките се човечки. Како и да е, точно предвидоа шест од осум учесници во четвртфиналните натпревари.

Фудбалските експерти со вратоврски пресметаа дека Шпанија има најскапа репрезентација на турнирот, Германија е на второ место. Оттука, европски првак ќе биде... Гледате: нема изненадувања. Имињата на експеритете од „фудбалскиот тим“ при Германскиот економски институт и се познати на редакцијата. На 2. јули ќе ги прашаме за неколку добри совети за хартиите од вредност!