1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Парите во политиката во Македонија - сива зона

На Македонија и треба значителен напредок за да осветлат парите во политиката. Финансирањето на политичките партии нетранспарентно и неосветлено, соопшти денеска (24.11) организацијата Транспаренси интернешнл .

default

„ Осветлување на парите во политиката“. Под овој наслов денеска е објавен регионалниот извештај на Транспаренси интернешнл што се однесува на финансирањето на политичките партии во пет држави од Југоисточна Европа. Станува збор за истражување спроведено во Македонија, Албанија, Хрватска, Косово и Србија. Резултатите се објавени истовремено во Загреб и во Берлин.

„ Во Македонија текот на парите е замаглен, а финансирањето на политичките партии нетранспарентрно и неосветлено. Се’ уште треба многу да работиме за да се осветлат парите во македонската политика“, изјави за Дојче Веле, Слаѓана Тасева од Транпспарентност Македонија.

Transparency International Logo

Законските решенија не се доволни

И покрај долгогодишните активности во оваа сфера и укажувањата дека транспаретноста во финансирањето на политичките партии е од огромна важност за демократскиот систем сеуште парите во политиката се сива зона за граѓаните па дури и за надлежните. Тасева вели дека мерките донесени во изминатиот период се недоволни. „ Законските решенија не се доволно добри а институциите несоодветно реагираат“, објаснува Тасева.

Во денеска објавениот извештај Транспаренси Интернешнл дава препораки како да се осветли текот на парите во политиката.

„ Проактивно обелоденување на финансиските извештаи на политичките партии е најважниот чекор во борбата против корупцијата во политичкото финансирање“, стои во извештајот. Освен ова Транспаренси препорачува партиите да се обврзат да поднесуваат официјална информација за донаторите.

Symbolbild Korruption Bestechung Geld Euro

Каква завршница ќе добијат наодите на антикорупционерите?

Во дводецениската самостојност и повеќето изборни циклуси во однос на непочитувањето на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии се изречени само неколку минимални парични казни и тоа поради ненавремено објавување на извештаите. Транспаренси бара да се зајакнат и да се спроведуваат казнените мерки.

Во однос на последните избори Државната комисија за спречување на корупцијата оцени дека е остварено отстапување од законот во однос на дозволените извори за финансирање на изборната кампања кај СДСМ, која користела средства од кредит, што не е посочен како законски дозволен извор за финансирање кампања. Претседателот на Комисијата Воислав Зафировски кажа дека речиси сите политички партии кои учествувале на предвермените парламентарни избори, во своите финансиски извештаи имале разни пропусти, за кои, ќе следуваат соодветни пријави. Денеска за Дојче Веле одби да прецизира дали и каква завршница ќе добијат наодите на антикорупционерите.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски