1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

“Париз – Рубе" во сенка на допинг скандали

Швеѓанецот Магнус Бакштед приреди големо изненадување, победувајќи пред големите фаворити на “пеколот” на велосипедските трки – 102 то издание на митската “Париз-Рубе”.

Старт на велосипедска трка

Старт на велосипедска трка

На коцките на патот Париз Рубе сега класирани како историски споменик , Бакстед во финалниот спринт успеа да ги надмине холанѓанецот Тристан Хофман , англичанецот Роџер Амонд. Фаворитите, белгиецот Јохан Музеу и Питер ван Петегем, многу стерилни го поминаа времето во меѓусебна неутрализација. Победата на скромниот скандинавец Бакштедм е заслужена но годинашново издание на Париз Рубе сигурно дека ќе биди брзо заборавено. Велосипедизмот, исто како и извалканите лица со кал на вчерашните учесници на трката, длабоко е навлезен во калта на допингот.

Само еден ден пред стартот на трката, најуспешната француска велосипедска екипа “Кофидис” го откажа учеството, не само од оваа туку и од наредените трки. Велосипедистот Филип Гомон, против кого се води истрага за користење на недозволени допинг средства, ја обвинува неговата екипа дека допингувањето било организирано од техничкиот став на Кофидис. Според Гомон, 90 % од велосипедистите најверојатно не се чисти.

Неодмна сериозни докази за користење на допинг средства изнесе и шпанскиот велосипедистот Хезус Манзано, кој во шпанската екипа Келме на последната Тур де Франс за малку ќе го изгубеше животот во етапата на Морзин, по земањето на едно непознато допинг средство. Манзано раскажува дека користењето на тестостерон, нандролон или Актовегин (синтетитички хемоглобин), еритропојетин или самотрансфузија на крв се практикуваат често и организирано во велосипедските екипи. Тоа било толку добро програмирано што е просто невозможно да биде откриено од не многу ефикасните антидопинг контроли.

Смртта на Марко Пантани, за еден друг шампион Филип Буаје, кој помина една година затвор заради користење на недозволени средства, е последица на допингот, по прекинот на допинг терапијата, корисникот станува зависник и бара да ги најде истите сензации, со земање на дрога како кокакин, Кардиологот Алан ди Кардоне, поранешниот доктор на Тур де Франс предупредува “Мислам дека ќе има нови смртни случаи поврзани до земањето на допинг средства”. А Филип Буаје мудро заклучува “Ништо не заслужува да се најдете на гробишта или в затвор”.