1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Париз воено интервенира во Мали

Воените сили на Мали со помош на Франција ја повратија контролата над стратешки важниот град Кона, кого го освоија исламистичките бунтовници. Француските војници првпат учествуваа во директни борби.

Владините трупи ноќеска повторно го зазедоа крадот Кона во центарот на земјата. Исламистите се повлечени, потврдија жителите и портпарол на министерството за одбрана. Моментно владините војници го прочешлуваат градот барајќи евентуално скриени бунтовници. Во четвртокот бунтовниците, кои се блиски на терористичката организација Ал Каеда, навлегоа во Кона, на околу 600 километри североисточно од главниот град Бамако. Неколку часа по противофанзивата во која учествуваа и војници од Нигерија, Франција официјално соопшти дека ќе интервенира во Мали заради поддршка на владините трупи во борбата против бунтовниците. Претседателот на Мали Диокоунда Траоре ја замолил поранешната колонијална сила за помош.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во обраќањето до нацијата потврди дека француските воени сили пружиле поддршка на армијата на Мали во борбите против исламистичките групи кои го контролираат северот на земјата.

„Оваа операција ќе трае колку што е потребно. Франција секогаш дејствува кога станува збор за правото на населението кое сака да живее слободно во демократија“, додаде Оланд.

Frankreich militärische Unterstützung von Regierungstruppen in Mali

Францускиот претседател Франсоа Оланд

САД разгледуваат поддршка на француските војници со информаци од тајните служби, а како опција се споменува и евентуален ангажман на извиднички летови на беспилотни авиони, изјави владин претставник во Вашингтон.

Западноафриканската економсак заедница ЕКОВАС исто така реши итно испраќање трупи во Мали. По интензивните советувања, одлуката е донесена, според заклучокот на Советот за безбедност на ОН од декември, изјави претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласаане Катара, кој моментно претседава со ЕКОВАС. Оваа организација треба да испрати околу три илјади војници.

Претседателот на Мали во меѓувреме синоќа прогласи вонредна состојба во целата земја, која засега е временски ограничена на десет дена. Претседателот Траоре го повика народот на „генерално мобилизирање“ во поддршката на армијата во борбата против бунтовниците.

По воениот пуч во Мали во март исламистите го освоија северниот дел на земјата и прогласија владеење на шаријатското право. Минатите денови тие се‘ повеќе напредуваа во правец на југ.