1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Папуљас бара конструктивност од Македонија

Грчкиот претседател Каролос Папуљас ја повика Македонија „да се откаже од непопустливост и да даде конструктивен придонес кон наоѓање взаемното решение за прашањето на името“.

Спорот околу името бил дел од обраќањето на грчкиот претседател Каролос Папуљас на синоќешната (09.11) вечера во Атина по повод посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Грција. Во својата здравица грчкиот претседател предупредил дека Грција „нема да толерира нелегално постапување на Скопје кое, како дел на географскиот простор што се нарекува Македонија, се претставува самото себе си како да му припаѓа неговата целина“, пренесува извештаи на грчките медиуми агенцијата Бета.

„Скопје својата држава ја нарекува ’Македонија’, а својата националност и јазикот ’македонски’ затоа што со тие имиња се обидува да стави хипотека врз цела Македонија... Сакам да бидам јасен: нема да се согласиме ако не се најде обострано прифатливо решение - едно единствено име за сите намени кое ќе биде одраз на стварноста“, рекол Папуљас.

Тој потсетил дека грчката влада му упатила на Скопје меморандум за разбирање заради решевање на спорот, „но владата на Скопје на тоа не одговорила позитивно“.

„Уште еднаш нагласувам дека клучот за прием на Поранешната југословенска Република Македонија во евроатлантските организации е во нејзини раце, во рацете на ПЈРМ“, укажал Папуљас во здравицата.

Српскиот претседател Николиќ одговарајќи на таа здравица, зборувал за Косово.