1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Папа – Чавез

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез побара од Папата Бенедикт 16-ти да се извини за невистините околу процесот на христијанизирање на индијанското население на “новиот континент“. Папата според Чавез ги прикрил фактите за “холокаустот врз домородците“ по доаѓањето на Европејците во 1492-та година. Папата при недоамнешната посета на Бразил во говорот на Бискупската конференција за Латинска Америка тврдеше дека Католичката црква не им била наметната на домородците, туку тие веќе претходно копнееле тивко по неа. Историските факти зборуваат за милиони жртви при масовните масакри, како и за огромен број робови во годините на колинијализација на т.н. “нов свет“.