Папа Франциско | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Папа Франциско

Папата Франциско, роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина, е 266. и актуелен Папа на Римокатоличката црква избран на функцијата на 13 март 2013 година.

Световното име на Папата е Жорге Марио Бергољо. Името Франциско го одбира во чест на Светиот Франциско од Асиси. Франциско е првиот Папа језуит, прв со потекло од Америка, и прв кој потекнува надвор од Европа по Папата Грегори Трети во 8 век, кој бил од Сирија. Пред да и се посвети на црквата работел како хемиски техничар и вратар во ноќни клубови. Станува католички свештеник во 1969 година. Во 1998 година станува надбискуп на Буенос Аирес, а Папата Јован Павле го именува за кардинал во 2001 година.

Покажи повеќе написи