1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Папа во Бразил

Папата Бенедикт 16 е во повеќедневна посета на Бразил. Ова е прва посета на Папата на Јужна Америка откако стана поглавар на римо – католичката црква пред две години. Прва станица е економската метропола Сао Паоло каде Бенедикт утре ќе се сретне со претседателот на Бразил Луиз Игнацио Лула де Силва. Главна тема на патувањето е големата сиромаштија на континентот и позицијата на католичката црква во однос на абортусот и контрола на раѓањето.