1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Папата Јован Павле Втори во критична состојба

Папата Јован Павле Втори се наоѓа во во многу тешка здравствена состојба . Според Ватикан смртта може да настапи во секој момент . Поглаварот на римокатоличката Црква имал сериозни проблеми во работата со срцетп а веќе му била извршена црковната служба Виатикум , римокатоличка причест за оние кои се блиску до смртта .

Папата Јован Павле Втори

Папата Јован Павле Втори

Портпаролот на Ватикан , Јоакин Наваро Валс соопшти дека 84 годишниот папа му била дадена медицинска помош за подобрување на работата на срцето и на дишењето , откако претпрел септичен шок и имал пречки во работата на срцето.

Папата меѓутоа самиот одлучил да не оди во болница а веќе му била извршена светата причест Виатикум која е резервирана за оние кои се блиску до смртта.

Римскиот весник Република утринава пренесе дека папата побарал да не го сместуваат во бболница оти последната желба му била да умре достоинствено во својата соба во Ватикан пред плоштадот на Свети Петар каде што од раните утрински часови се собраа стотици верници.

Портпаролот на Светата столица соопшти дека и покрај ваквата влошена здравствена состојба , Папата е свесен , разборлив и мирен .

Здравствената состојба на Јован Павле Втори доживеа драматичен пресврт во текот на ноќта, кога тој добил висока температура поради инфекција на уринарниот тракт , По што лекарите му дале одговарачка антибиотска терапија . Инаку според извештаите на италијанските медиуми станувало збор за уросепса , состојба кога бактериите од урината влегуваат во крвотокот , предизвикувајќи температура и сериозен пад на крвниот притисок.

Поглаварот на римокатоличката црква веќе подолго време се соочува со влошена здравствена состојба . Тој боледува од Паркинсоновата болест а во последниов месец заздравуваше од трахетомијата која му беше направена на 24 февруари поради проблемите со дишењето предизвикани од грип .

Според Ватикан во последниов месе тој имал ослабено околу 19 килограми и затоа во средата започнал вештачки да се храни со помош на цевка .

Папата Јован Павле Втори е водач на преку 1 милијарда католички верници ширум светот. Како што слушнавте стотици верници веќе се наоѓаат во близина на на плоштадот Свети Петар каде ги исчекуваат најновите вести за здравствената состојба на Папата . Ним не им е дозволен пситап на самиот плоштад околу кој се поставени безбедносни бариери а се присутни и поголем број полицајци во униформи и во цивилна облека .