1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата чувствува срам и каење

Папата Бенедикт Шеснаесетти, во писмото до ирските католици, кое со нетрпение се очекуваше, им се извини на жртвите на сексуална злоупотреба. Истовремено, тој најави официјална истрага од страна на Ватикан.

default

Долго очекувана порака од папата

Папата Бенедикт Шеснаесетти во своето писмено обраќaње ги обвини ирските бискупи за тешки потфрлувања, неуспех во задачата како раководители да ја отворат темата за сексуалната злоупотреба на децата. Ирската црква мора да го врати загубениот углед преку искреност и транспарентност. Папата директно им се обрати на жртвите на сексуално малтретирање: „Претрпевте тешки страдања и навистина жалам за тоа.“ Папата дури изрази и готовност да се сретне со жртвите и лично да ги прими искажувањата за нивните маки.

Лани беше обелоденето дека во Ирска од 1930 година илјадници деца во домовите биле злоупотребувани од црковни луѓе. Но, проблемот со злоупотребата на децата не е специфичен за Ирска, ниту, пак, за Црквата, потенцира Бенедикт Шеснаесетти, без да ја споменува директно ситуацијата во Германија. Овде минатите месеци секојдневно испливуваа на површина инфорамации за сексуална злоупотреба на деца во католичките интернати и образовни институции.

Опомена и за Германија

07.02.2010 DW-TV Glaubenssache Interview

Надбискупот Роберт Цолич

Претседателот на Германската бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич, во писмото на папата гледа „беспоштедна анализа, дека тој со целосна сериозност и со голема загриженост го сфаќа проблемот на сексуалната злоупотреба на децата, при што за него предност има перспективата на жртвите.“

„Затоа папата ја критикува делумно прекумерната заштита на сторителите, што Црквата често ја практикуваше. Папата се залага за вклучување на судството и правната држава во случаите“, изјави Цолич.

Германскиот бискуп признава - знаеме дека се направени грешки и во Германија. Ние бискупите ги согледавме овие грешки и ги признавме на нашата пролетна конференција во Фрајбург. Овие грешки не смеат да се повторат и во Германија е потребно исто така беспоштедно расветлување и транспарентност. На тоа се работи во сите бискупии, уверува Цолич.

Тој опомената на папата кон ирските бискупи ја смета истовремено и како опомена до германските.

„Скандалот со сексуална злоупотреба не е само ирски проблем, тоа е скандал во рамките на Црквата во многу места, па и на Црквата во Германија, вели Цолич.

Автор: ЖА/ТТ/ројтерс/дпа

Редактор: Трајче Тосев