1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата Франциско им дава свој печат на велигденските празнувања

Празнувањата во Рим на Велипеток продолжуваат со минувањето на патот на Крстот. На процесијата со верниците учествува и папата Франциско. Тој вчера го направи она што досега не го стори ниту еден од неговите претходници.

Миса во базиликата Свети Петар, миење на нозете во затвор за млади, пат на Крстот кај Колосеумот во Рим - папата Франциско во деновите пред Велигден недвосмислено, со јасни зборови и трогателни гестови, им дава печат на велигденските празнувања. На мисата на Велики четврток тој од свештениците и својата црква побара да одат во „периферијата“ на општеството, каде има „страдања и крвопролевања“. Вчеравечер (28.03) папата им ги изми нозете на 12 млади затвореници. Вечерва се очекува новиот врв на големата програма на велигденските празнувања, кога на традиционалниот пат на Крстот кај Колосеумот во Рим се очекуваат илјадници луѓе.

Papst Franziscus Fußwaschung Sträfling Gefängnis Messe Kirche Ostern

Миењето на нозете првпат во затвор - папата Франциско во затворот Касал дел Мармо

Предвелигденското миење на нозете папата Франциско го направи на необично место. Новиот поглавар на Римокатоличката црква го избра римскиот затвор за млади лица Касал дел Мармо. Папата ги прегрна младите луѓе и од нив побара да не ја губат надежта никогаш. На дванаесетмина затвореници од различна националност Франциско им ги изми нозете, како што Исус тоа го сторил со своите ученици пред последната вечера, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов. Меѓу данаесеттемина избрани затвореници имаше и една жена католик од Италија и српска муслиманка. Притоа, од церемонијата во затворот немаше телевизиски пренос за да се заштити приватноста на младите затвореници.

Papst Franziscus Fußwaschung Sträfling Gefängnis Messe Kirche Ostern

Франциско им порача на затворениците дека мора им се помага на другите

„Мора да им се помага на другите, тоа не‘ учи Исус и тоа е она што го правам, тоа ми е должност“, им рече Франциско на младите. Миењето на нозете е симбол и значи „во служба на другиот“, рече папата. Младите затвореници на папата му подарија дрвен крст и клупа за молење што ја направиле самите. Франциско пак, им донесе велигденски јајца и традиционален италијански велигденски колач „Коломба“.

Хорхе Марио Мерголио уште во времето додека беше надбискуп во Буенос Аирес држеше вакви миси во затворите и меѓу болните. Затворот за млади Касал дел Мармо го посетија и претходниците на Франциско, Бенедикт Шеснаесетти и Јован Павле Втори, но тие не им ги миеја нозете на затворениците.