1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата Франциско е личност на годината

Њујоршкиот магазин „Тајм“ го прогласи папата Франциско за личност на годината. Ретко кој нов актер на светската сцена досега „толку брзо привлекол толкаво внимание“ како папата Франциско, се вели во образложението.

Во својата прва година од стапувањето на должност папата Франциско на невообичаен начин г ипромени тонот, сфаќањето и насоките на една од најголемите институции во светот, изјави главната уредничка на „Тајм“, Ненси Гибс. Папата го зеде името на скромен светец, се вели на интернет страницата на магазинот. Првиот неевропеец на оваа функција во последните 1200 години „има сила да го промени светот“. Франциско, кој потекнува од Аргентина, беше избран за папа во март годинава, откако неговиот претходник Бенедикт 16-ти се повлече од функцијата. Оттогаш, 76-годишниот Франциско го привлекува вниманието на светот со своите реформски напори и стил на скромност.

На листата и Сноуден и Асад

На второ место на листата за избор на личност на годината годинава се најде поранршниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден. Интересно е дека на листата се наоѓа, на пример, и сирискиот претседател Башар ал-Асад, и тоа не четвртата позиција.

„Тајм“ прогласува личност на годината од 1927 година. Притоа, станува збор за највлијателната личност во годината. Минатата година тоа беше американскиот претседател Барак Обама, а во 2011 година магазинот се одлучи за личност на годината да ги прогласи анонимните демонстранти, односно луѓето кои излегуваат на протести, почнувајќи од Арапската пролет до движењето Окупирај.