1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Папата стравува од настаните во Мијанмар

*

Папата Бенедикт 16 ги поддржа барањата на меѓународната заедница до воените власти во Мијанмар за прекин на акцијата за сузбивање на антивладините демонстрации, во кои до сега загинаа десет лица. „Стравувам поради овие исклучително сериозни настани“, рече Папата за првпат коментирајќи ги настаните во Мијанмар. Во меѓувреме специјалниот пратеник на ОН, Ибрахим Гамбари, се уште чека на средба со лидерот на воената хунта Тан Шве. Вчера Гамбари имаше изненадувачка средба со лидерот на опозицијата во Мијанмар, Аунг Сан Су Кји, но не е позната содржината на разговорите. Во меѓувреме, армијата во главниот град Рангун ги подигна блокадите околу најважниот храм во градот. Сепак, четирите влеза на храмот и натаму се набљудувани од армијата. Безбедносните сили патролираат и на улиците во градот за да спречат евентуални демонстрации.