1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата се` уште не се исповедал

Рехабилитирањето на негаторот на холокаустот, бискупот Вилијамсон, предизвика бурни реакции. По критиките од Меркел и јавноста, Ватикан денеска побара Вилијамсон јавно да ги повлече изјавите околу холокаустот.

default

Широкоградоста на Папата предизвика бурни реакции

Денешната (04.02.2009) генерална аудиенција почна со петминутно задоцнување. Знак дека Бенедикт 16-ти во последен миг се премислува што треба да каже? Ретко кога една аудиенција била очекувана со олкаво нетрпение. Папата почна со скриптите и делата на апостол Павле. Бенедикт ги одбра нив за овонеделната аудиенцијата, по повод завршувањето на т.н. година на Павле. Притоа, Папата го истакна значењето на Павле како апостол на народот и обединувач на христијанството. Но кој да помисли дека Бенедикт ќе го игнорира барањето на канцеларката Меркел и денеска повторно нема да каже ниту збор за аферата Вилијамсон? Тогаш Папата им се обрати на оние што зборуваат германски во салата: „Да и` веруваме на милостината Господова, кој ни помага да најдеме мир и кој ни дал таков подарок да можеме преку христијанството да бидеме носители на мирот и простувањетово светот. Затоа Бог на сите ни ја подарува неговата милостина“, рече Папата.

За Меркел - ставот на Бенедикт се` уште нејасен

Deutschland Vatikan Angela Merkel beim Papst

Наместо насмевки, овојпат Меркел упати критики

Со ова заврши обраќањето кон германските говорници во салата. Барањето што Меркел го упати до Ватикан уште еднаш остана да виси во воздух: „Папата и Ватикан мора јасно да се изјаснат дека не смее да има никакво негирање на холокаустот и дека се залагаат за позитивни односи со еврејството во целина“, порача Меркел. Денеска Ватикан и официјално побара од Вилијамсон јавно да ги повлече неговите изјави околу холокаустот.

Критики и од високи црковни кругови

Пред три недели кардиналот од Мајнц, Карл Леман, како прв висок претставник на германската католичка црква, побара извинувања од „високи кругови“ во Ватикан. Но, критиките стигнаа само до портите на светиот град. Портпаролот Федерико Ломбарди истакна дека папата Бенедикт уште на минатонеделната аудиенција пред илјадници присутни искажал „потполна солидарност“ со Евреите и јасно се дистанцирал од сите оние што го негираат холокаустот.

Großbritannien Bischof Richard Williamson

Вилијамсон рехабилитиран, јавноста шокирана

Раководителот на германската програма на Радио Ватикан, Еберхерд фон Геминген, очекува прашината и во Германија да спласне исто толку брзо колку и во Италија. Кардиналот од Берлин, пак, Георг, мисли поинаку. Тој за Дојче веле изјави:„Папата ја искажа нашата безусловна солидарност со Евреите, но очигледно тоа не е доволно. Очигледно никој не верува во неговите зборови, вознемиреноста воопшто не е намалена“. Затоа берлинскиот кардинал бара повлекување на контроверзната рехабилитација на британскиот негатор на холокаустот, бискупот Ричард Вилијамсон.

Меркел го стави Папата во недолична позиција

Претставници на партиите од германската коалиција го поздравија барањето што го упати канцеларката Меркел. Но, од друга страна, некои претставници на црквата и политичари сметаат дека критиките што Меркел ги упати кон Папата биле несоодветни. Пратеникот од ЦДУ, Вили Вимер, смета дека канцеларката „го ставила Папата во позиција која не доликува за папа“. Разочаран е и братот на Бенедикт, Георг Ратцингер. Тој отсекогаш ја сметал Меркел за пристојна госпоѓа. Но, можеби сега е под голем притисок, претпоставува тој.