1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата се повлекува „за добро на црквата“

Папата Бенедикт 16. им се заблагодари на верниците за љубовта и молитвите со кои го следеле неговиот Понтификат. Тој рече дека заминува од функцијата „за добро на црквата“.

Одлуката да се повлече, како што денеска (13.02) рече папата Бенедикт Шеснаесетти, ја донесол по своја слободна волја. Пред присутните на Генералната аудиенција во Ватикан, тој нагласи дека по долги молитви и многу размислување дошол до ваквата тешка одлука. Тој не се гледа себеси веќе во состојба, поради тоа што нема доволно сила, за извршување на функцијата. Видливо трогнат, 85-годишниот папа се заблагодари за долгиот аплауз и за „изразите на симпатија“ и од верниците побара: „Молете се и натаму за папата и за црквата.“

Верниците со часови чекаа да влезат на Генералната аудиенција. Попладнево папата ќе служи литургија на среда пепелница, со што се означува почетокот на предвелигденските пости.

Ова беше првиот јавен настап на папата Бенедикт Шесанесетти откако тој во понеделникот (11.02) најави дека на 28 февруари ќе ја напушти функцијата.