1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Папата се молеше за мир (14.00 UTC)

Папата Јован Павле втори за време на традиционалната полноќна миса за Бадник се молеше за мир и укажа дека светот го потресуваат премногу крв,насилство и судири. Во пораката прочитана пред десетина илјади верници од целиот свет собрани во црквата Свети Петар во Рим,папата изрази надеж дека пораката на љубов која доаѓа од Витлеем,родното место на Исус Христос,ќе ја надмине темнината во светот и ќе го уништи јуришот на злото. Мисата во црквата Свети Петар ја пренесуваа 83 телевизиски станици ширум светот. Денеска напладне тој на 62 јазика го прочита благословот "Урби ет орби" и пред десетици илјади посетители повика на мир, Христијанската порака е против војна и насилство, рече папата. Поради страв од терористички напади манифестациите во Рим и Ватикан беа под огромни безбедносни мерки.