1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата се извини за гревовите на католичките свештеници

Папата Бенедикт 16 јавно се извини за сексуалното злоставување над малолетниците од страна на римо-католичките свештеници. Најави дека виновниците мора да се најдат пред лицето на правдата.

default

Папата Бенедикт 16 е во Сиднеј на Светскиот собир на католичката младина

Поглаварот на римокатоличката црква на миса во Сиднеј јавно проговори за скандалот кој ја тресе католичката црква во Австралија. Пред бискупите и учениците се извини за сексуалната злоупотреба на малолетници што ја извршиле австралиски католички свештеници. „Се срамам поради тоа и навистина, длабоко ми е жал поради патењето и болката кои ги доживуваат жртвите. Ги уверувам дека ја делам со нив и болката и патењето“, рече папата во текот на мисата во катедралата Света Марија во Сиднеј.

Тој додаде дека виновните мора да бидат казнети. Според податоците на локалното здружение за помош на жртвите, австралискиот суд до сега осудил 107 католички свештеници за силување или сексуална злоупотреба, а за некои случаи се уште се води судска постапка.