1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата пристигна во Израел

Папата Банедикт 16-ти ја продолжува посетата на Блискиот исток и денеска (11.05.2009) пристигна во Израел. За обезбедување на неговата посета се мобилизирани 60 илјади израелски полицајци.

default

Папата Бенедикт 16-ти и израелскиот претседател Шимон Перес

Папата на аеродромот „Бен Гурион“ беше поздравен од израелскиот претседател, Шимон Перес и премиерот, Бенјамин Нетанјаху. На Бенедикт 16-ти му беше приреден пречек со воени почести. По интонирањето на химните, 85-годишниот Перес го поздрави гостинот од Ватикан, покрај другото, и на латински јазик.

„Биди поздравен Бенедикт, прв меѓу верниците, што денеска ја посетуваш Светата земја“, рече Перес.

Својата повеќедневна посета на Израел и на палестинските подрачја Папата ја означи како аџилак,

Benjamin Netanjahu mit Papst Benedikt und Schimon Peres in Israel

Папата доаѓа да се моли за мир

каков што преземаат христијанските верници од првите векови: „Доаѓам, како и толкумина пред мене, за да се молам на светите места, и пред се’ да се молам за мир - мир во Светата земја и мир во целиот свет“, изјави папата Бенедикт 16-ти.

Папата сака да стави крај на контроверзите

Веќе во своето прво обраќање во Израел, Бенедикт 16-ти не остави сомнение дека сака да им стави крај на жестоките контроверзи кои настанаа меѓу Ватикан и Израел по повторниот прием во редовите на Црквата на бискупот Вилијамсон, кој го негира холокаустот. Еврејскиот народ ги доживеа страшните последици на идеологиите, кои го оспоруваат фундаменталното достоинство на секој човек, рече Бенедикт и, имајќи ја предвид неговата денешна претстојна посета на меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем, додаде: „Правилно е и соодветно што за време на престојот во Израел ќе имам можност да му оддадам почит на споменот на шест милиони жртви на холокаустот и да се молам за тоа, човештвото никогаш веќе да не доживее некое злосторство од такви размери.“

Papst Benedikt XVI in Israel

Бенедикт 16-ти повика на почитување на секој народ, секој јазик и нација

Папата, Германец по потекло, повика на борба против антисемитизмот каде и да се појави и побара почитување на луѓето на секој народ, почитување на секој јазик и нација.

„За жал, антисемитизмот и натаму во многу делови на светот повторно ја крева својата грда глава. Тоа е целосно неприфатливо“, изјави Бенедикт 16-ти.

Да се вложат напори за крај на конфликтот

Папата изјави и дека се моли за натамошниот опстанок на христијанското малцинство во Израел и на палестинските подрачја - според проценките, околу 150 илјади, претежно израелски Арапи. Папата побара од Израел да овозможи слободен и непречен пристап до светите места за сите верници. Тој ги повика Израелците и Палестинците да ги вложат сите напори за да се дојде до праведно решение за блискоисточниот конфликт, така што обата народа ќе можат да живеат во безбедни и меѓународно признати граници. За обезбедување на посетата на папата се мобилизирани 60 илјади израелски полицајци.


Автор: Клеменс Ференкоте / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM