1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата повикува на револуција?

Папата Франциско сака да ја подобри улогата на обичните верници во црквата. Тоа може да предизвика вистинска револуција во католичкиот космос, велат експертите.

Надреално, а сепак животно блиско - католичката црква во Латинска Америка се разбира во третманот на противречностите: наместо да спори околу воведување свештенички мантии за жените или целибатот, верските лаици, несвештените лица, во нивните општини создаваат нови форми на богослужби. Голема е надежта дека папата Франциско на манифестацијата Светскиот ден на младите во Рио де Жанеиро ќе ја зајакне улогата на верските лаици и ќе ја промени светската црква. Ервин Кројтлер, бискупот од Аамазонската диецеза Ксингу, свесно воопшто не ги изговара зборовите жени-свештенички и целибат. Австриецот, кој веќе 40 години живее во Амазонија, на работата и‘ приоѓа сосема прагматично: „За 700 илјади луѓе на територија колку Германија, имам 28 свештеници, па си го поставувам прашањето: како можеме на луѓето во прашумата да им овозможиме евхаристија?"

Papst Franziskus in Rio 22.07.2013

Близок до базата: папата Франциско во Бразил

Богослужби без свештеник

Многумина верски лаици, несвештени лица, ова прашање самите си го одговориле - тие ги одржуваат своите богослужби без свештеник. Тие се молат, го кршат лебот, тураат вино, без притоа да се грижат за црковните правила, според кои светата евхаристија (благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата, н.з) можат да ја вршат само свештеници. Верските лаици ја преземаат одговорноста, а црквата напредува, и без свештеници, и тоа добро функционира“, потврдува сестра Лусиен Антонио, која во областа на Амазон мисионира во малите општини.

„Јас веќе сум видела жени како организираат богослужби и потоа делат леб“.

Преосмислувањето на улогата на верските лаици произлегува од духот на Вториот Ватикански конзил, одржан меѓу 1962 и 1965 година за време нна папата Јован 23. Тој беше посветен на обновата и актуелизацијата на догматските основни принципи. Меѓу учесниците беа и подоцнежните папи Карол Војтила (Јован Павле Втори) и Јозеф Рацингер (Бенедикт Шеснаесетти), кој тогаш се залагаше за „помалку клерикална црква“.

Папски повик на револуција?

Бразилскиот експерт за Ватикан Луиз Пауло Хорта е убеден дека идејата на папата Франциско за општо свештенство на сите верници е сериозна: „Тој знае дека е неопходно учеството на несвештениците. Франциско сака обновување на црквата од долу, од базата“, вели Хорта, кој е член на реномираната бразилска Академија за литература, како и на Комисијата за култура на надбискупијата во Рио де Жанеиро. Она што за набљудувачите однадвор се чини саморазбирливо, во католичкиот космос меѓутоа, според мислењето на Хорта, е вистинска револуција.

„Црквата сме сите ние, ако не го прифатиме тоа, нема ништо да биде“, смета тој, заговорнички дополнувајќи: „Мислам дека Франциско ја повика базата на револуција“.

Реформски импулс од Латинска Америка

Католичката црква во Латинска Америка има искуства  со бунт и револуција, барем од теолошки аспект. Уште во 1960-те и 1970-те години латиноамериканските припадници на т.н. теологија на ослободувањето, како Густаво Гутиереш и Оскар Ромеро, ги инспирираа духовниците и верниците во цел свет, меѓу нив и сегашниот претседател на Верската конгрегација во Ватикан, Лудвиг Герхард Милер. Во 2004. година  поранешниот бискуп од Регенсбург заедно со Гутиереш ја издаде книгата „На страната на сиромашните: теологија на ослободувањето“.

Brasilien Weltjugendtag Rio de Janeiro

Нова улога на несвештените лица во црквата

Се чини како папата Франциско да се потпира на силата на теолошка обнова од Латинска Америка и на своите примери. По завршната богослужба в недела, тој во Рио попладнето ќе се сретне со претседателството на латиноамериканската бискупска конференција Целам, која во минатите децении постојано иницираше силни промени. Треба да биде обновена и постапката за прогласување светец на убиениот бискуп од Ел Салвадор, Оскар Ромеро. Тој во цела Латинска Америка се слави како светец поради своите залагања за мир и човекови права за време на граѓанската војна во Ел Салвадор. Бразилскиот теолог Леонардо Боф е убеден дека и во иднина од Латинска Америка ќе доаѓаат реформски импусли, кои ќе извршат промена на католичката црква.

„Нашата црква веќе не ја отсликува европската црква-мајка, таа има свои сопствени извори, свои традиции, херои, маченици, пропроци и личности. Оваа црква му вдахнува нов живот на христијанството“.