1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата повика на обновување на верата

Папата Бенедикт 16 по полноќ го напушти Бразил по петдневната посета. На нејзиниот крај тој ја отвори латиноамериканската бискупска конференција во Апаресида.

default

Во петте дена во најголемата католичка земја во светот,папата лично го видоа околу два милиона луѓе,кои одушевено го поздравуваа и често го прекинуваа и со аплаузи:

Иако дури и во Ватикан постоеше мал сомнеж како ќе биде примен германскиот професор кој стигна во папската столица од темпераментните латиноамериканци,посетата покажа дека :

„Луѓето во Бразил, тоа што кардиналот кој се грижеше за чистотата на верата,сега е папа, го сметаат за неверојатно позитивно“,вели Ханс Петер Ретлин,раководител на католичката организација за помош Црквата при неволја.

Иако при некои масовни манифестации имаше и воочливи празнини во публиката.На пример,на божјата служба во Апаресида наместо очекуваните едне милион,дојдоа само половина милион верници.Не може да се превиди дека католичката црква во Бразил е во криза.За да го спречи осипувањето,годишно на Ватикан му вртат грб стотици илјади луѓе,папата повика на обновување на латиноамериканската црква.На испит е католичкиот идентитет на континентот,изјави Бенедикт 16 на отворањето на бискупската конференција во Апаресида.Без да ги именува земјите како Венецуела,водена од левиот популист Хуго Чавез,папата го критикуваше актуелниот политички развој во регионот:

„Постојат напредоци во правец на демократијата,но и форми на авторитарно владеење и извесни идеологии,кои важат за надминати и не одговараат на христијанската слика на човекот и општеството“.

Борбата против сиромаштијата,рече папата во изненадувачки политичкиот говор,е една од основите на неговата црква:

„Посебниот ангажман за сиромашните е базичен дел на христијанската вера.Христијанскиот живот не се одразува само низ личните,туку и низ социјалните и политичките врлини.“

Но,Бенедикт предупреди и од директен политички ангажман на црквата:

„Ако црквата се претвори во директен политички субјект,нема да работи повеќе во корист на сиромашните и на правдата,туку помалку.Затоа што таа ќе ја загуби својата независност и морален авторитет“,предупреди Бенедикт 16.

Верувањето во Бога и животот според христијанските вредности се основа за постигнување поправедно општетсво и надминување на сиромаштијата и гладот.Кон оваа цел,изјави папата,потфрлија како марксизмот така и капитализот.