1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата повика на заштита на децата

Папата Бенедикт Шеснаесетти при посетата на Мексико побара заштита на децата. Стотици илјади верници се очекуваат денеска (25.03) на свечената миса со поглаварот на римокатоличката црква под отворено небо.

Папата Бенедикт Шеснаесетти ги означи децата како амбасдори на мирот во Мексико, земја која честопати е оптоварена од насилство и организиран криминал. Секое дете „е божји подарок за Мексико и светот“, рече Папата во Гуанахуато пред повеќе од илјада момчиња и девојчиња и нивните родители. Во Мексико има многу деца кои страдаат поради насилство и глад, изјави Бенедикт Шеснаесетти. Војната меѓу картелите за дрога остави илјадници деца сираци - во изминатите години во судирите меѓу ривализираните банди загинаа повеќе од 500.000 луѓе.

Пред неговата средба со децата и младите, поглаварот на римокатоличката црква се сретна и со претседателот на Максико Фелипе Калдерон.

Во Гуанахауто Папата не се изјасни експлицитно околу жртвите на свештениците педофили. Жртвите на сексуални злоставувања во Мексико претходно подигнаа тешки обвинувања. 84-годишникот во времето како шеф на Конгрегацијата за доктрината на верата, спречил расветлување на скандалот со злоставување околу, во меѓувреме починатиот, основач на орденот Легионари на Христос, се вели во заедничкото соопштение на жртвите. Тие критикуваат дека со години не биле слушнати. При посетата на Папата на Мексико средба со жртвите од педофили католички свештеници, како во САД и Ирска, не е планирана.

Стотици илјади верници се очекуваат на богослужбата под отворено небо

Папата Бенедикт Шеснаесетт денеска ќе одржи и богослужба под отворено небо, на која се очекуваат стотици илјади верници. Папата ја започна посетата на оваа латиноамериканска земја во петокот (23.03). Утре поглаварот на Римо-католичката црква заминува во посета на Куба.